Претходна статија
Од Ohrid SOS повторно предупредуваат дека Охрид може да се најде на Листата на светско наследство во опасност
Следна статија
Изложба на дела од работилницата „Емоции за еден град“

Отворена изложбата „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“

Објавено на 09.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Архитектонската изложба „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“ вчера вечер беше отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ). Привремената поставка се обидува низ пет примери на руинирани објекти во македонската метропола да ја актуелизира темата за архитектонското наследство на Модерната во нашата земја. Ана Ивановска – Дескова, Горан Мицковски, Елизабета Касапова и Јован Ивановски, во својство на автори на изложбата, избрале пет студии на случај за оваа намена – железничкото депо на Македонски железници – Инфраструктура, Фабриката за производство на картон и картонска амбалажа „Комуна“, Шалтер салата на Телекомуникацискиот центар, Домот на културата „Гоце Делчев“ и Мултимедијалниот центар „Мала Станица“.

 


Изложбата сочинета од макети на издигнатите објекти на Модерната дава адекватни идеи преку кои би можело да се адаптираат и да се обноват овие недоволно искористени простори. Авторите на изложбата во својата цел ќе посочат: „Основна цел на овие истражувања преку проект(ирање) беше да се тестира цел спектар на архитектонски стратегии (од прагматични до радикални), насочени кон испитување на потенцијалот на градбите за приспособување и примена, како и изнаоѓање нови содржини и облици преку кои постојните градби истовремено би биле и заштитени и ревитализирани“.

 

 

Поставената изложба во Младинскиот културен центар е само еден сегмент од научноистражувачкиот проект „Загрозен модернизам“. Поставката ќе биде отворена за посетителите до 24 февруари.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk