Претходна статија
„Скопје Ист Гејт“ му дава нова шанса на просторот кај Скопски саем
Следна статија
Објектот на филхармонијата конечно доби употребна дозвола

Отворен 43. Меѓународен саем ТЕХНОМА во салата „Борис Трајковски“

Објавено на 25.10.2017 во категорија Вести.

 

43. Меѓународен саем ТЕХНОМА и 37. Меѓународна изложба на иновации МАКИНОВА денеска беа отворени во ВИП-арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во наредните четири дена на оваа саемска манифестација индиректно ќе се претстават над 120 компании преку 60 директни учесници на околу 4.000 метри квадратни изложбена површина. На саемот ќе се претстават големи, средни и мали домашни и странски компании од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката и градежништвото. Дејан Кошутиќ, извршен директор на Скопскиот саем, изјави дека ТЕХНОМА е високо почитуван саем, кој уште од 1997 година е член на Унијата на меѓународни саеми.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

На денешното отворање на саемската манифестација присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Во рамките на саемот, на 26 октомври е предвидено да се одржи трибина на тема „Комерцијалните аспекти на иновацијата и финансиските можности за поддршка на истата – Искуства од Македонија во Македонија и идни стратегии за развој на иновативните бизнис концепти?!“. Саемот ќе биде отворен за посетителите во периодот од 10 до 19 часот. Во рамките на овогодинешниот саем, ќе се одржи и 37-то издание на Меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА на која ќе се претстават 93 домашни пронаоѓачи и 11 странски иноватори.