Претходна статија
На скопските сокаци во иднина ќе може да се игра табла, шах и пинг понг на отворено
Следна статија
Австријци заинтересирани да го градат Клиничкиот центар

Отпочнува капиталниот проект за продолжување на улицата Љубљанска кон Злокуќани

Објавено на 01.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје ја започна постапката за реализација на капиталниот проект за продолжување на трасата на улицата Љубљанска, во правец од Карпош 4 кон населбата Злокуќани. Во првата етапа од спроведувањето на овој проект се изработува комплетната документација за идната траса на потегот од раскрсницата со булевар Илинден до раскрсницата со идниот булевар Словенија. Скопските фирми „ ГЕИНГ“ и „ИН – ПУМА“ пролетва треба да ја завршат изработката на инфраструктурниот проект, основниот градежен проект и сообраќајниот проект за оваа идна скопска сообраќајница, која што требало да се изгради веднаш по земјотресот од 1963 година.

 

*Идната сообраќајница ќе минува крај вештачката карпа, со мост ќе ја премине реката Вардар, по што би се поврзала со улицата Скупи

 

Во меѓувреме, градските власти денеска преминаа и кон практична реализација на претстојниот проект. Распишан е тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја реконструира улицата „Љубљанска“, на потегот помеѓу булеварите Партизански одреди и Илинден во населбата Карпош 4. Во градежниот зафат е проценето дека ќе се издвојат околу 6 милиони денари, со вклучен ДДВ. Градот Скопје на идниот изведувач ќе му даде рок од 20 дена за завршување на реконструкцијата на улицата Љубљанска, додека најповолниот понудувач би се знаел на почетокот од пролетта. Основниот проект за санациониот зафат е изготвен од „Балкан Консалтинг“ од Скопје.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk