Претходна статија
Нов конкурс за преуредување и доградба на прилепскиот Дом на културата
Следна статија
Ќе се уредува нов парк во населбата Мичурин

Општина Тетово работи на проектот за гасификација на градот

Објавено на 30.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската фирма „Филбис“ во наредните пет месеци ќе го изработува идејниот и основниот проект за изградба на секундарната гасоводна мрежа во Тетово. Општинските власти пред две недели го потпишаа договорот вреден над 6,7 милиони денари, со кои ќе се изработи првичната проектна документација. Проектантот ќе треба да го подготви идејниот проект за гасоводната мрежа од 25 километри, како и основниот проект за првите 10 километри од идните гасоводни цевки низ Тетово.

 

На Електронскиот систем за јавни набавки во петокот беше објавен и оглас за избор на проектант што ќе го изготви проектот за инфраструктура за секундарната гасоводна мрежа на Тетово, вклучувајќи ја и ревизијата на проектната документација. За овој сегмент е предвидено да се издвојат околу 3 милиони денари, со што во целост ќе се комплетираат документите за изведба на првите километри гасовод во тетовското градско јадро.

 

Општина Тетово е одлучна да го воведе природниот гас во градот час поскоро. Доколку не се доцни со реализација на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар, тогаш секундарната гасоводна мрежа би се поврзала на идната мерно регулациска станица. Во спротивно, општинските власти ќе инвестираат во „виртуелен гасовод“ по примерот на Струмица, по што ќе се чека приклучување на магистралниот гасовод што го гради државата.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk