Претходна статија
Изложбата „АрхиТРАНСформа“ утре во Музејот на град Скопје
Следна статија
Од Скопје до Софија ќе се патува со воз дури во 2027 година

Општина Пробиштип ќе го уредува излетничкото место кај Лесново

Објавено на 26.07.2017 во категорија Вести.

 

Во близина на Лесновскиот манастир наскоро ќе бидат изведени нови содржини во функција
на натамошен развој на туризмот. Општина Пробиштип потпиша договор за изведба на
осветлување на Лесновските монашки пештери и за уредување на излетничкото место кај
Лесново. Претстојните зафати треба да се реализираат до почетокот на октомври годинава и со
нив се очекува да се надополнат содржините што ги нуди овој локалитет. Изведбените работи ќе ги реализира фирмата „Промонтинг“ од Скопје за сума од 3,2 милиони денари.

 

Лесновските монашки пештери се една од атракциите во близина на Лесновскиот манастир.
Овие пештери во минатото служеле како испоснички ќелии на монасите. Со нивното
осветлување тие ќе бидат подостапни за посетителите на овој локалитет.