Претходна статија
Нов станбено - деловен комплекс се гради во Општина Илинден
Следна статија
Во Арачиново ќе се гради фекална канализација

Општина Карпош предизборно ќе изведува енергетски фасади за девет објекти

Објавено на 14.09.2017 во категорија Вести.

 

Локалната самоуправа од Карпош во текот на септември распишала тендери за изведба на девет енергетски фасади на постари станбени објекти на територијата на оваа општина. За четири од овие тендерски постапки ќе се организира отворање на јавните понуди од доставените фирми на 25 септември, кога е и првиот ден од изборната кампања за претстојните локални избори. Општина Карпош проценила дека за овој проект би се издвоиле околу 22,8 милиони денари, вклучувајќи го и ДДВ. Меѓу фасадите на коишто ќе се интервенира се вклучени и четири станбени објекти лоцирани на улицата „Петар Чајковски“.

 

Општинските власти од Карпош се фалат дека во изминативе четири години биле изведени над 50 енергетски ефикасни фасади на станбените згради на нејзина територија. Од СДСМ пак во текот на вчерашниот ден го предупредија градоначалникот Стевчо Јакимовски дека спроведува кампања спротивна на Изборниот законик. Социјалдемократите вчера посочија дека ќе покренат соодветна пријава за поставувањето камен-темелник за новата градинка во населбата Бардовци.