Претходна статија
„Гранит“ со позитива во првото полугодие од 2017 година
Следна статија
1,3 милиони евра за довршување на „барокизацијата“ на зградата на „Пелагонија“

Офицерскиот дом во Битола ќе биде централна тема на овогодинешниот АКТО фестивал

Објавено на 31.08.2017 во категорија Вести.

 

„Каков Офицерски ни треба?“ е централната тема на 12-тото издание на Фестивалот за современи уметност АКТО, што ќе се одржи на 1 и 2 септември во Битола. АКТО АГОРА е предвидено да се одржи во паркот пред Офицерскиот дом во Битола на 2 септември, со почеток од 12 часот. На јавната расправа ќе учествуваат министерот за култура Роберт Алаѓозовски, активисти од Битола и Скопје, парламентарци од повеќе политички партии, парламентарци – членови на комисијата за култура, членови на советот за култура на општина Битола, граѓани од овој град, раководители на јавни институции во Битола, експерти за културно наследство и членови на независната културна сцена од неколку градови.

 

*Извор на фотографија: Фејсбук-страница на АКТО фестивал. 

 

Целта на оваа расправа е да се даде увид во две важни работи – мислење за неколку модели на управување, но првенствено заштита на овој објект и неговата околина како културно наследство од особено значење. „АКТО во партнерство со Завод и Музеј Битола, во неколкумесечен процес на работа, разработуваше различни пристапи кон прашањето – да се заштити објектот со заштита од особено значење и да се побара најсоодветен модел за негово функционирање и содржина“ се посочува во поканата до граѓаните за учество на настанот. Саботната јавна расправа е изработена во рамки на проектот „Културни простори за активни граѓани“, во партнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста.

 

Во рамките на овогодинешниот АКТО фестивал ќе се организира и изложбата на постери на тема „Футуристички споменици од старата Југославија“ од авторот Зоран Кардула. „Исто како и во останатите редизајни на постери и во оваа серија Кардула сака да ја покаже југословенската уметност, но овој пат преку мистичните и убави бруталистички споменици“ се наведува во поканата за отворање на изложбата. Настанот ќе се отвори на 2 септември, со почеток од 12 часот напладне, на платото спроти Мезе-барот Јагода.