Претходна статија
Бројот на патници во авиосообраќајот годинава зголемен за 10,5%
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Свети Климентовиот Универзитет - меѓу ревизија, стопирање и доцнење на проектот

„ОДВ-Електрик“ отвори фабрика во ТИРЗ Струга

Објавено на 15.09.2017 во категорија Вести.

 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и Мартин Ехрет, главен извршен директор на „ОДВ-Електрик“ денеска ја отворија новата фабрика за производство на електронски компоненти за автомобилската индустрија во ТИРЗ Струга. Германската компанија „ОДВ-Електрик“ инвестираше 4,7 милиони евра во изградба на производствениот погон, од кои 1,7 милиони евра биле насочени за опремување на фабриката. Во седумте производствени линии се вработени 220 лица, јавува државната новинска агенција МИА. Објектот се простира на површина од 10.000 метри квадратни.

 

 

„Компаниите како „ОДВ-Електрик“ се добредојдени во Македонија, тие и натаму ќе бидат сестрано поддржани. Го охрабрувам „ОДВ-Електрик“ и сите други странски инвеститори и натаму да инвестираат во Македонија, за што ќе имаат поддршка од Владата во сите сегменти“ изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев. Од германската компанија најавија реализација на два дополнителни проекта во наредниот период. До крајот на 2018 година е планирано да се вработат вкупно 300 лица во овој производствен погон.