Претходна статија
ТЕМА: Македонските пруги чекаат еден и пол век на електрификација
Следна статија
Бизнисмените од Балканот предлагаат електрификација на автопатиштата

Одбележани 68 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје

Објавено на 09.10.2017 во категорија Вести.

 

Градежниот факултет при УКИМ со свечено доделување на стипендии и прогласување на најдобрите дипломски трудови денеска одбележа 68 години од основањето на оваа високообразовна установа. „Во целокупниот период на делување Градежниот факултет претставува центар за развој на научната мисла и стручната пракса од областа на градежништвото, геотехниката и геодезијата во Република Македонија“ изјави во своето обраќање деканот на Градежниот факултет, Дарко Мославац. На денешниот настан беа доделени стипендии на 40 студенти од овој факултет.

 

Од неговото основање до денешен ден, на Градежниот факултет од Скопје дипломирале 3.900 градежни инженери, над 500 геодетски инженери и 110 геотехнички инженери. Постдипломските студии на овој факултет ги завршиле над 310 магистри по градежништво, 100 магистри по геодезија и менаџмент со недвижности. На факултетот биле одбранети и 68 докторски дисертации во изминативе години од постоењето на Градежниот факултет. На денешната свеченост присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

Градежниот факултет при УКИМ е основан на 6 октомври 1949 година. На тој датум е одржан првиот наставен час на тогашниот Технички факултет на кој функционирале градежниот и архитектонскиот оддел.