Претходна статија
Стартуваше изградбата на пречистителната станица за вода за пиење во Липково
Следна статија
Започна изградба на фабрика за индустриски кетеринг во Маџари

Од почетокот на октомври ќе нема возови кон Белград и Солун

Објавено на 15.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонски железници од почетокот на октомври во целост ќе го укинат меѓународниот железнички сообраќај. Единствениот меѓународен воз „Хелас експрес“, кој во моментов сообраќа еднаш дневно кон Белград и Солун, ќе престане да сообраќа по 30 септември. Ваквата информација може да се добие од меѓународната благајна на Железничката станица во Скопје, која што значи дека македонските патници ќе бидат оневозможени да патуваат низ Европа со воз. Причината поради која што се укинува железничкиот сообраќај официјално не е објавена на веб – страницата на Македонски железници.

 

*Експресниот воз „Хелас експрес“ на железничката станица во Солун

 

Како што се очекуваше, од 1 октомври до крајот на актуелниот возен ред нема да сообраќа возот на релација Скопје – Солун – Солун, за што е објавена потврда и на сајтот на Грчките железници. Покрај кон оваа дестинација, од 1 октомври нема да може да се патува ниту кон Белград со воз. Ваквата информација официјално не е потврдена од Српските државни железници, но од Железничката станица во Скопје во моментов не можат да се купат билети за патување во октомври со постојниот воз, кој поаѓа секојдневно од нашиот главен град во 22:19 часот.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во меѓународниот железнички сообраќај во првите шест месеци од земјава биле превезени околу 4.000 патници. Недостигот на железнички превоз ќе се почувствува особено за патниците што сакаат да патуваат кон Солун, Загреб и други поблиски дестинации, кои во моментов се поврзани со нашата земја со недоволен број на автобуски или авионски линии што не сообраќаат секојдневно.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk