Претходна статија
Во завршна фаза е реконструкцијата на улица „Алија Авдовиќ“
Следна статија
Гостивар со „Мост на демократијата“ го премости Вардар

Обновена четвртата фасада од старата градска архитектура во Штип

Објавено на 13.04.2017 во категорија Вести.

 

Заводот и музеј-Штип заврши со обновата на четвртата фасада од старата градска архитектура во Штип. Станува збор за староградска архитектура карактеристична за Штип што потекнува од XIX век. За обнова на фасадата биле издвоени 1,4 милиони денари, информираат од Министерството за култура. Заедно со надворешниот лик, обновени се кровната конструкција и дограмата. Станува збор за куќата лоцирана на улица Гоце Делчев бр. 55 и 57.

 

* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

Во текот на оваа година е предвидено да продолжи обновата на уште две фасади од староградската архитектура во Штип. Заводот и музеј-Штип во моментов работи на проектите.