Претходна статија
Владината зграда се ослободува од „барокната“ ограда
Следна статија
Уништен дел од фонтаната на скопскиот плоштад „Македонија“

Објектот спроти американската амбасада под лупа на СЈО

Објавено на 06.06.2017 во категорија Вести.

 

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) влегло во просториите на скопската општина Чаир за да добие податоци во однос на објектот изграден спроти американската амбасада во населбата Топаана. Од СЈО се сомневале дека објектот е изграден без соодветна градежна дозвола, за што побарале детали од општинската администрација. „Во врска со објектот кој се наоѓа спроти американската амбасада во Скопје, конкретен предмет за кој СЈО е заинтересирано, детално ги информиравме претставниците од СЈО за постапката дека објектот не е во надлежност на општината бидејќи за него постои судски предмет“ информираат од општина Чаир.

 

Од СЈО денеска не излегоа со информации за тоа какви податоци бараат од скопската општина Чаир, ниту пак за случајот на кој се работи. Освен соопштението од општината Чаир, дивоградбите во овој дел од Скопје беа предмет и на објавените прислушкувани телефонски разговори од пред две години од страна на СДСМ. Никола Груевски и Али Ахмети во една од снимките говореа за нелегалните објекти што треба да се урнат во оваа скопска општина.

 

Објектот спроти американската амбасада започна да се гради пред повеќе од шест години и од самиот почеток предизвика реакции во јавноста.