Претходна статија
Отворен 43. Меѓународен саем ТЕХНОМА во салата „Борис Трајковски“
Следна статија
Избрано победничкото идејно решение за новата сала на КК „Работнички“

Објектот на филхармонијата конечно доби употребна дозвола

Објавено на 25.10.2017 во категорија Вести.

 

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и в.д. директорот на Македонска филхармонија Виктор Илиевски денеска го претставија новиот објект на Македонска филхармонија и информираа за сите зафати кои беа потребни за да се завршат пред добивањето на потребните дозволи за официјална употреба. Министерот Алаѓозовски изјави дека денеска е добиено решението за употребна дозвола на новиот објект. Тој дополни дека во моментов се разгледува целата заплеткана ситуација на меѓусебните доверителски односи помеѓу надлежното министерство и „Штрабаг“.

 

„Отворањето“ на објектот од мај годинава; Фото: Архива на „Билд“.

 

Директорот на филхармонијата изјави дека е задоволен што сите техничко – правни тешкотии кои ги наследил се разрешени во изминативе месеци. „На 21 мај, објектот беше парадерски пуштен, за сликање, а при тоа малата сала не беше воопшто почната ентериерно да се уредува, и немаше технички преглед. За овој период, успеавме да го добиеме и приклучокот од БЕГ, да ги направиме сите технички прегледи, да ги обезбедиме сите акти за заштита при работа“ изјави Виктор Илиевски.

 

Објектот на Македонската филхармонија почна да се гради во март 2009 година. Изграден е по идејното решение на архитектот Виктор Михајлов и има акустика и архитектоника по светски стандарди. Зданието се простира на површина од 12.400 метри квадратни и има две сали – голема сала со капацитет од 1.000 седишта и мала повеќенаменска сала.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект