Претходна статија
Се реконструира пешачко - велосипедската патека на булеварот Кочо Рацин
Следна статија
Наскоро втора фаза од реконструкцијата на битолската спортска сала „Младост“

Обезбедени 9,5 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во општините

Објавено на 01.09.2017 во категорија Вести.

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба со претставници од германската КфВ банка. На средбата се разговарало за продлабочување на соработката меѓу ова министерство и банкарската институција во рамките на проектот „Подобрување на водоснабдувањето во општините во Република Македонија“. Надлежното министерство на денешниот состанок обезбедило дополнителен грант од 5 милиони евра неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Кавадарци и Гевгелија.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

Од германската КфВ банка е обезбеден и заем во износ од 3 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци и Радовиш. Преку швајцарската програма СЕКО е доделен дополнителен грант од 4,5 милиони евра неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во Гостивар. Со заемната соработка на Министерството за транспорт и врски и КфВ банката се обезбедени вкупно 12,5 милиони евра за реконструкција и надградба на водоводната мрежа во четири поголеми општини од земјава. Од нив, дури 9,5 милиони евра се средства што нема да постои обврска да ги враќаме назад.