Претходна статија
„Гранит“ основаше нова фирма во Австрија
Следна статија
Македонските автопати наскоро ќе добијат брани за заштита од бучава

Новиот скопски градоначалник ја сопре изградбата на 95 барокни фасади

Објавено на 03.11.2017 во категорија Вести.

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во вчерашната изјава за САКАМ ДА КАЖАМ.МК обелодени дека издал усна наредба за стопирање на изведбата на сите 95 „барокни“ фасади во централното градско подрачје. Дел од објектите не се започнати со изведба, како што се историските зданија „Метропол“ и „Ибни Пајко“. Меѓутоа, на еден сегмент од зградите веќе се работи од градежни фирми, меѓу кои е деловниот центар „Палома Бјанка“ и зградата на „Пелагонија“. Градот Скопје ја извади модернистичката фасада на објектот „Пелагонија“, по што есенва распиша нов тендер за довршување на замислениот „барок“ на оваа зграда.

 

 

Од Градот засега нема податоци што ќе се случува во иднина со веќе започнатите објекти. Менувањето на изгледот на зградите се одвива во строгиот центар на градот, а пешачките зони се затворени поради досегашните градежни работи на фасадите. Претходната градска власт склучила договори за изведба со фирмите, со што ќе се отвори за решавање ново прашање со самите изведувачи. Од друга страна, познатите македонски архитекти веќе реагираа дека нивните авторски права се загрозени под налетот на „барокизација“ на овие објекти. Архитектите на оригиналните фасади побараа од Градот Скопје да не ги уништува нивните фасади.