Претходна статија
„Барокниот“ објект на АДСДП ќе биде готов до крајот на годинава
Следна статија
Македонскиот меѓународен сообраќај - авион, автобус и возот на крај

Новиот министер за култура најавува итна ревизија на „Скопје 2014“

Објавено на 29.05.2017 во категорија Вести.

 

Предложениот министер за култура Роберт Алаѓозовски во новата влада на премиерот Зоран Заев најавува итна ревизија на проектот „Скопје 2014“. Во интервју за агенцијата „Макфакс, Алаѓозовски најавува дека во првите шест месеци од владеењето ќе се направи детална ревизија, но и меѓународна конференција и сериозна анализа на тоа што е изградено, што е вградено, колкава му е вредноста и колку ќе чини одржувањето на тие згради и обележја. Од аспект на изведба на нови споменици и објекти во центарот на Скопје, Алаѓозовски нагласува дека реализацијата на „Скопје 2014“ ќе биде стопирана веднаш по неговото назначување за министер.

 

 

Заедно со ваквите најави на предложениот министер за култура, барања за ревизија и на „Скопје 2014“ дојде и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Актуелниот претседател Мартин Пановски веќе најави дека е неопходно да се направи стручна дебата околу сето она што е изградено во центарот на Скопје, вклучувајќи ја и проценката за тоа колку реално чинел целиот проект и објектите што се изградени во негови рамки.

 

 

» Форумска дискусија за „Скопје 2014“