Претходна статија
969 граѓани на Општина Центар добија субвенција за велосипеди
Следна статија
Втор тендер и седум години ветување за изградба на нов Драмски театар

Нови фасади за три станбени згради во Тафталиџе 2

Објавено на 20.07.2016 во категорија Вести.

Продолжува проектот за реконструкција на фасадите на станбени објекти во Општина Карпош. Три згради, познати како романски кули, во населбата Тафталиџе 2 ќе добијат нов лик. Со зафатот ќе се изведат термо фасади, кои ќе им ги намалат трошоците за греење и ладење на станарите од овие објекти. „Продолжуваме со изработката на енергетските фасади, при што овој пат работиме на улицата „Женевска“ каде што ги реконструираме таканаречените романски фасади на трите објекти со број 6, 8 и 10. Целата инвестиција, која е обезбедена од локалната самоуправа чини 14.300.000 денари и ја изведува градежната фирма Гемак“ информираше градоначалникот Стевчо Јакимовски.

 

 

 

Локалните власти очекуваат дека во текот на 2016 година ќе успејат да ги реконструираат фасадите на вкупно 41 објект, а проектот за годинава ќе биде комплетиран до декември.