Претходна статија
Започна втората фаза од реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ на Водно
Следна статија
Проширени и реконструирани 430 метри од булеварот АСНОМ

Нови фасади на седум најоштетени објекти во Аеродром

Објавено на 03.04.2017 во категорија Вести.

 

Неколку години по почетокот на изведбата на нови термички фасади во општините Карпош и Центар, локалната самоуправа од Аеродром се вклучи со свој проект за имплементација на мерките за енергетска ефикасност на постарите станбени објекти. Општина Аеродром го потпиша договорот за реконструкција на седум најоштетени колективни згради на нејзината територија. За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „МИ КОМЕРЦ 2000“ од Кавадарци. Реализацијата на проектот во текот на 2017 година ќе чини 29.970.921 денари обезбедени од локалниот буџет.

 

 

Станува збор за изведба на термички фасади на станбените објекти лоцирани на улица Петар Ацев број 9, улица Фрањо Клуз број 2, улица 23 Октомври број 14 и зградите на булевар АСНОМ со броевите 72, 74, 112 и 114. Фирмата „Инком Инженеринг“ лани изработи проекти за реконструкција на фасадите на вкупно 18 објекти. Плановите на општина Аеродром се годишно да се санираат по 10-тина објекти, со што за неколку години би се обновил надворешниот изглед на сите оние згради чии фасади се оштетени.