Претходна статија
Се градат 123 социјални станови, планирани уште 500
Следна статија
Шест нови видови типски куќи од Министерството за транспорт и врски

Нова пешачка патека ќе се гради кон Билјанини извори во Охрид

Објавено на 15.07.2016 во категорија Вести.

Општина Охрид избра изведувач на градежните работи за изведба на пешачка патека на потегот од ресторанот „Котва“ кај Студенчишко блато до Билјанини извори. Тендерот го доби охридската фирма „Бифора инженеринг“ со понуда од 19.846.559 денари (околу 323 илјади евра). Рокот за изведба е 12 месеци. Градоначалникот Никола Бакрачески пред еден месец прв ја најави изградбата на новата патека. „Ќе има патека за поминување на кајчарите, ќе има една рекреативна пешачка патека поголема, една велосипедска зона, просторот ќе биде хортикултурно уреден, ќе се постави ново осветлување во рустичен стил и секако ќе има една помала патека која што ќе го опслужува малиот канал“ изјави тогаш Бакрачески.