Претходна статија
Инвестицијата за карго аеродромот во Штип ќе се пренамени за канализација!
Следна статија
Парите од „Скопје 2014“ пренаменети за нови фасади на скопските средни училишта

Ноември 2017 донел помал број на станови за градење

Објавено на 12.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По значителниот раст во текот на неколку месеци, бројката на предвидени станови за градење опаднала во ноември 2017 година. Македонските општини издале одобренија за градење на 306 станови, со корисна површина од 29.819 метри квадратни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Споредено со идентичниот месец од 2016 година, бројката на предвидени станови за градење е намалена за 68,9%, додека нивната површина опаднала за 65,5%.

 

 

Деловните субјекти во текот на ноември ја започнале постапката за изградба на 157 станови со површина од 11.395 метри квадратни, додека останатите живеалишта ќе ги градат физички лица. Како и досега, најголем е интересот за изградба на трисобни (97) и на двособни станови (72). Скопскиот регион со 81 предвиден стан за градење предничи на ниво на целата земја. Воедно, во Општина Прилеп во ноември 2017 година било предвидено да се градат најмногу станови во земјава – вкупно 67.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017 година се издадени 229 одобренија за градење, што е за 36,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесува 1.633.303 илјади денари, што е за 72,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 140 (61,6%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7%) за објекти од нискоградба и 73 (31,9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 229 објекти, на 168 (73,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 61 (26,6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk