Претходна статија
Втора „шанса“ за изградба на нова тешка и загадувачка индустрија во скопската железарница
Следна статија
Распишан тендерот за првата фаза од изградбата на булеварот „АСНОМ“

Низ портите на македонските аеродроми лани минале 2.334.558 патници

Објавено на 24.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Двата македонски аеродрома со стабилен раст на ависообраќајот во текот на 2018 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, воздухопловниот превоз во нашата земја бележи стабилен раст со превезени 2.334.558 патници од двата аеродрома, односно зголемување од над 300.000 превезени патници во споредба со 2017 година. Статистичарите пресметале дека услугите на „Меѓународниот аеродром Скопје“ лани ги користеле 2.152.746 патници, што претставува зголемување од над 15% во однос на претходните 12 месеци.

 

 

Од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во 2018 година биле превезени 181.812 патници. Статистичарите пресметале дека во 2018 година бил остварен директен транзит на 7.984 патници од двата македонски аеродрома. Во делот на авиопревозниците, убедливо најголем удел во превезените патници има унгарската нискобуџетна компанија „Визер“. Услугите на оваа компанија лани ги користеле над 1,4 милиони патници, што претставува раст од 15% во споредба со 2017 година, се нагласува во последното соопштение на „Визер“ објавено пред 10-тина дена.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk