Претходна статија
Охридските земјотреси причиниле материјална штета од 58 милиони денари
Следна статија
МЕПСО ќе ја рехабилитира електропреносната мрежа со кредит од 40,5 милиони евра

Неуспешен референдумот во Валандово за изградбата на нови рудници

Објавено на 22.08.2017 во категорија Вести.

 

Општина Валандово вчера одржа неуспешен референдум. Само 46,11% од гласачите запишани во Избирачкиот список излегле да се изјаснат за двете поставени прашања. Од вкупно 10.141 гласачи, на референдумот гласале 4.683 регистрирани избирачи, со што не е исполнет законскиот цензус за излезност од 50 отсто плус еден. Од граѓанската иницијатива Спас за Валандово“ велат дека имало притисоци и закани врз граѓаните за да не излезат на референдумското изјаснување, додека Општинската изборна комисија од Валандово не регистрирала забелешки за вчерашниот референдум.

Граѓаните од Валандово имаа можност да се изјаснат за две референдумски прашања: „Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс „Казандол?“ и Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Валандово?“. Неуспешниот исход во Валандово следува по двата успешни референдуми во Богданци и Дојран, каде што мнозинството граѓаните одлучуваа за двете идентични прашања како и Валандовчани. Спротивните размислувања на граѓаните за идентична тема изроди дополнителни нејаснотии околу натамошните чекори што би ги презела државата и локалните самоуправи во однос на прашањето за новите рудници.