Претходна статија
Во февруари опаднал бројот на планирани станови
Следна статија
Град Скопје ќе дава субвенции за купување велосипеди

„НБ Компани“ ќе ги реконструира блоковите „В“ и „Г“ на домот „Гоце Делчев“

Објавено на 11.04.2017 во категорија Вести.

 

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ пред целосна реконструкција. Министерството за образование и наука склучи договор за санација и адаптација на просториите од блоковите „В“ и „Г“ во рамките на овој објект. За изведувач на градежните работи е избрана тетовската фирма „НБ Компани“, која веќе беше ангажирана при реконструкцијата на блокот „Б“ од домот. Градежните работи ќе се одвиваат во период од 10 месеци. За остварување на проектот од државниот буџет се издвоени 139 милиони денари. На неодамнешниот тендер учествувале вкупно девет компании, а тетовската фирма била избрана поради најниската понудена цена.

 

 

Надлежното министерство во изминатиов период успеа целосно да ги санира блоковите „А“ и „Б“, во кои веќе се сместени студенти. Со претстојниот зафат ќе се заврши реконструктивниот зафат, по што студентите ќе имаат на располагање 544 двокреветни, 64 еднокреветни и 54 соби за студенти во брак. Објектот се реконструира за прв пат по неговата изградба во 70-те години на дваесеттиот век. Архитектот Георги Константиновски го има изработено проектот за студентскиот дом „Гоце Делчев“.