Претходна статија
Во пораст такси превозот во земјава
Следна статија
Предизборна експлозија на бројот на градежни дозволи за станбени објекти

Навлегува ли политика и во одржувањето на Супер купот на УЕФА во Скопје?

Објавено на 11.05.2017 во категорија Вести.

 

Цветко Грозданов, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот Андреј Жерновски и општина Центар заради пролонгирање на процедурата за добивање дозвола за градба на локацијата на која ќе бидат поставени ТВ екипите за пренос на Супер купот на УЕФА. Спорот настанал за тековната адаптација на фудбалската арена „Филип Втори“ во согласност со критериумите на УЕФА, со кои би се овозможило непречено одвивање на закажаниот натпревар во август годинава.

 

 

„Ги уверувам граѓаните дека одржувањето на Купот на УЕФА ќе се одржи и во ниту еден случај нема да биде доведен во прашање. Ништо нема да не поколеба да го завршиме проектот“ изјави директорот Цветко Грозданов. Тој нагласи дека 99% од севкупните работи за адаптација на стадионот се завршени. Просторот на кој треба да се сместат телевизиските екипи ќе биде израмнет со чакал, но на него нема да се подигнат предвидените тениски терени. Од АДСДП сметаат дека причина за ова е одземањето на градежната дозвола од општина Центар, со што земјиштето ќе треба да се врати во првобитната состојба.

 

Од Општина Центар денеска реагираат на тврдењата изнесени од директорот на АДСДП. Тие посочуваат дека акционерското друштво е во целосна сопственост на државата, така што законската постапка налага одобрението да го издаде Министерството за транспорт и врски. Општинарите велат дека АДСДП споро реагира. „Проблемот се јавува кога по поништувањето на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за ова подрачје, за добивање на решение за тениски терени потребно е претходно да се одобри архитектонско урбанистички проект за кој АД за изградба на деловен и станбен простор од значење за Република Македонија не е подготвено со техничка документација и Министерството за транспорт и врски не може да им го издаде бараното решение“ велат од Општина Центар.

 

За адаптацијата на фудбалската арена „Филип Втори“ во Скопје досега се потрошија над 147 милиони денари. Севкупните активности за исполнување на строгите критериуми на УЕФА се реализираат втора година по ред.