Претходна статија
Ќе се подготви основен проект за Конгресниот центар во Охрид
Следна статија
Во Зрновци ќе се гради регионален етно парк

Наскоро реконструкција на патот од Ропалце до Липково

Објавено на 03.05.2017 во категорија Вести.

 

Јавното претпријатие за државни патишта бара фирма изведувач за реконструкција на патната врска меѓу кумановските села Ропалце и Липково. Оваа делница е дел од државниот пат Р2133, која го вклучува стариот пат меѓу Скопје и Куманово, но и го поврзува вториот по големина град во земјава со Општина Липково. Планираната вредност на градежните работи изнесува 121 милион денари, а договорот ќе биде со времетраење од 40 месеци. Заинтересираните градежни компании имаат рок до 12 јуни за да ги поднесат своите понуди.

 

 

Обновата на патниот правец до кумановското село Липково се најавува веќе неколку години наназад. Пред повеќе од три години, Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши рехабилитацијата на патниот правец од Арачиново до Ропалце во должина од 15 километри. Со комплетирањето на делницата Ропалце – Матејче – Липково ќе се комплетира врската помеѓу општините Арачиново и Липково.