Претходна статија
Тендерот за дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава ќе биде поништен
Следна статија
Наесен ќе биде готов Спомен паркот во Свиланово

Наскоро ќе стартува проширувањето на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче

Објавено на 13.07.2017 во категорија Вести.

 

Фирмата „Квалитет Бетонида“ од тетовска Мала Речица е избрана за изведувач на доградбата на градинката „Буба Мара“ во скопската населба Ново Лисиче. Општина Аеродром ќе вложи над 38,5 милиони денари во реализацијата на овој проект. Со проектот ќе се гради објект со приземје и кат, со вкупна површина од 1.200 метри квадратни. Во рамките на приземјето се предвидени четири занимални за деца од 2 до 4 години, додека на катот ќе бидат распоредени уште четири занимални. Со доградбата ќе се изведат сопствени санитарни јазли и кујни за оваа градинка.

 

Со проширувањето на градинката „Буба Мара“ ќе се создадат услови за сместување на дополнителни 250 дечиња. Рокот за реализација на проектот е 12 месеци. Општина Аеродром го објави тендерот за избор на изведувач во текот на мај годинава.