Претходна статија
Изложбата „Пре-фабрикати: Растечките куќи на Скопје“ привлече голем интерес меѓу скопската публика
Следна статија
Ланската загуба од работењето на штипски „Бетон“ се искачила на 55,3 милиони денари

Најпрво измени во ДУП-овите, а потоа и сообраќајно решение за влезот во Скопје кај Момин Поток

Објавено на 14.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје во соработка со општините ќе треба да ги спроведе измените во урбанистичката документација за градските четврти, а потоа ќе го реализира сообраќајното решение за влезот во Скопје кај Момин Поток. Пред изработката на физибилити студијата и идејниот проект за булеварот „Никола Карев“, неопходно е да се направи корекција на ДУП-от за оваа локација. Градските власти со група на решенија ќе се обидат да го надминат проблемот со сообраќајниот метеж на излезот и влезот во Скопје од правецот на Косово. „Градот Скопје веќе планира изработка на физибилити студија за воведување на ново сообраќајно решение за овој влез до обиколница“ информираат од Одделението за односи со јавност при Град Скопје.

 

 

Изработката на проектната документација е неопходна и за останатите планирани зафати за овој дел од Скопје. Промената на планот за градската четврт е потребна и пред да се започне со изработката на физибилити студија и инфраструктурен проект за идната клучка помеѓу булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8-ми Септември“ и улицата „Скупи“. Откако ќе се заврши со измени и корекција на урбанистичката документација, избраните проектанти ќе се вклучат во натамошна подготовка на планираните физибилити студии и проектна документација. Повеќе информации за идната траса и сообраќајното решение на потегот кај Момин Поток ќе може да се дадат по завршувањето на овие неопходни документи.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk