" />
Претходна статија
Регистарот на цени на недвижностите ќе започне со работа во јануари
Следна статија
Општина Аеродром ги обелодени плановите за 2015 година

Најпопуларните објави во 2014

Објавено на 31.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Потсетување на темите кои најмногу го прилвекоа вашето внимание во изминатата година. Следуваат десетте објави во категоријата вести кои беа најчитани од посетителите на build.mk, подредени според популарноста:

 

 

27.08.2014
Спортскиот центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ денеска свечено ги отворија вратите

 

После нецели 16 месеци изградба, спортскиот центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ во скопската општина Аеродром се завршени и од денеска официјално отворени. Комплексот е инвестиција од 15 милиони евра на рускиот бизнисмен Сергеј …

» Повеќе

 

 

20.07.2014
ФОТО ВЕСТ: Заврши изградбата на елитната населба „Верина“

 

Понудата на недвижности во Скопје е збогатена со нова луксузна станбена населба. Комплексот „Верина“ се простира на околу 30.000 метри квадратни, а во склоп на седумте објекти има вкупно 58 ексклузивни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни …

» Повеќе

 

 

29.04.2014
Општина Центар го избра идејното решение за ресторанот „Езерце“

 

Архитектонскиот труд на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев победи на Конкурсот на избор на идејно решение за ресторанот „Езерце“, кој е предвидено да се гради на постоечките руини во Градскиот парк во Скопје. Во конкуренција …

» Повеќе

 

 

25.04.2014
За да се прошири булеварот „Даме Груев“ ќе се урива дел од објектот „Макоил“ на улица Македонија?

 

Улицата „Димитрие Чуповски“ што минува кај „Рекорд“ ќе стане пешачка зона, а целокупниот сообраќај ќе се пренасочи кон булеварот „Даме Груев“, на потегот од крстосницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието на Р.М. Оваа првична …

» Повеќе

 

 

30.08.2014
Министерството за финансии се всели во нова зграда

 

После четврт век, „вечната карабина“ на поранешна „Југобанка“ во центарот на Скопје конечно е доградена. Објектот сега располага со вкупна корисна површина од 14.000 метри квадратни распоредени на 11 нивоа, доби ново име – „Палата 23 октомври“ …

» Повеќе

 

 

04.12.2014
Влегува ли „Скопје 2014“ и во комплексот факултети на УКИМ?

 

Ќе се сместат ли студентите и универзитетските професори од скопскиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во владиниот проект „Скопје 2014“? Архитектот Жарко Чаушевски, автор кој што изработи мноштво „барокни“ идејни решенија за објекти од центарот на Скопје, ги …

» Повеќе

 

 

09.11.2014
Втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе голтне 10 милиони евра (ДОПОЛНЕТО)

 

Фирмата „Бауер БГ“ ќе го изведе премостувањето на булеварот Гоце Делчев, со кое плоштадот „Скендербег“ ќе се прошири и на територијата на општина Центар. Градежните работи треба да почнат во наредните десетина дена и да се завршат во рок од една година, а според …

» Повеќе

 

 

16.07.2014
Ќе се дозволи ли изградба на десеткатница на Водно?!

 

По подолго време, промената на урбанистичките планови за централното градско подрачје повторно во фокусот на вниманието на јавноста. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на денешната прес – конференција објави дека на петочната …

» Повеќе

 

 

08.05.2014
Почнува отстранувањето на стаклената фасада на објектот на ЕВН и ЕЛЕМ

 

Автентичната стаклена фасада на седиштето на ЕВН и ЕЛЕМ во центарот на Скопје заминува во историјата. Деновиве почна поставувањето на заштитна ограда околу градилиштето, на кое оперативата на скопски „Бетон“ во наредните 15 месеци ќе го менува …

» Повеќе

 

 

01.03.2014
Наместо автопат, кон Бугарија ќе градиме експресен пат

 

Одлуката на македонската влада од пред две години и официјално се потврдува од Јавното претпријатие за државни патишта. Наместо планираниот автопат што требаше да ги поврзува Скопје и Софија, патниот Коридор 8 кон Бугарија ќе се надградува …

» Повеќе

 

 

 

» Листата на најпопуларни статии за 2013 г. е достапна на овој линк

 

» Листата на најпопуларни статии за 2012 г. е достапна на овој линк

 

» Листата на најпопуларни статии за 2011 г. е достапна на овој линк

 

» Листата на најпопуларни статии за 2010 г. е достапна на овој линк