Претходна статија
Наскоро ќе стартува проширувањето на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче
Следна статија
Рекорден број на автомобили во земјава, загадувањето на воздухот расте

Наесен ќе биде готов Спомен паркот во Свиланово

Објавено на 13.07.2017 во категорија Вести.

 

Центарот за развој на Источниот плански регион го потпиша договорот за изградба на спомен обележје на местото на загинување на Никола Карев во месноста Свиланово. Спомен паркот во чест на овој револуционер ќе се простира на површина од 1.500 метри квадратни. Рокот за изведба на градежните работи е три месеци, а за проектот се издвоија средства во износ од над 5,6 милиони денари. За изведувач на проектот е избрана фирмата „Евроградба-Инженеринг“ од струмичкото село Владиевци.

 

 

Обележјето во чест на Никола Карев се гради на локацијата каде што овој револуционер загинал 27 април 1905 година. Проектот се реализира преку заедничка соработка на општините Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип. Тендерот за изведба на овој спомен парк беше распишан на почетокот од мај годинава.