Претходна статија
Градоначалникот Бакрачески ветува капитални проекти во Охрид
Следна статија
Ќе се реконструира автопатот Неготино - Демир Капија

Над 450.000 евра за довршување на општинската зграда во Карпош

Објавено на 04.02.2016 во категорија Вести.

Општина Карпош ќе одвои околу 29 милиони денари (над 450.000 евра) за довршување на новата општинска зграда. Фирмата „Аполо инженеринг“ од скопското село Шишево ќе ги изведува машинските термотехнички инсталации, слабострујните инсталации, јакострујните инсталации и лимарските работи во објектот. Рокот за реализација на договореното е 12 месеци. Новата зграда со приземје, три ката и поткровје ќе има административен простор за 200 вработени и паркинг простор со површина од околу 1.000 метри квадратни.

 

 

 

Локалната самоуправа во моментов работи на изведбата на покривната конструкција, термичката фасада и внатрешните преградни ѕидови во објектот. Во изминатиов период беа поставени прозорците, а при крај е изведбата и на покривот. Градежните активности ги изведува бугарската фирма „Неотех инженеринг“ од Софијаза сума од 88,2 милиони денари. Претходно, тетовската компанија „АК Инвест“ ја подигна зградата на ниво на карабина. Општинската зграда, лоцирана во населбата Карпош 3 се гради од октомври 2012 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект