Претходна статија
Македонски железници лани постигнале историски најлош резултат во работењето!
Следна статија
Анализите потврдуваат дека топлификацијата е најдобар начин за греење на Скопје

Набавени првите седум реквизити за новиот Луна парк во Скопје

Објавено на 02.03.2017 во категорија Вести.

 

Изградбата на новиот Луна парк во Скопје може да почне. Градот Скопје ги набави првите седум реквизити од идниот забавен парк, а веќе е склучен и договорот за изведба на градежниот дел од проектот. За купувањето на седумте реквизити се издвоени 130,4 милиони денари, односно над 2,1 милион евра. Склучените договори со фирмите „Боминг“ и „Ивама Траде“ од Скопје се во времетраење од шест месеци. Изградбата на идниот забавен парк на местото на постојниот Луна парк треба да почне во текот на оваа година, при што градежните работи на терен ќе ги изведува фирмата „Жикол“ од Струмица. Градот Скопје за изведба на новиот Луна парк веќе потроши над 3,7 милиони евра.

 

Проектот за реализација на забавниот парк е предвидено да чини 400 милиони денари, односно околу 6,5 милиони евра. Набавката и изведбата на првите седум реквизити се дел од првата фаза од остварувањето на овој проект. Планот на градските власти е идниот Луна парк да се простира на површина од 40.000 метри квадратни, кои ќе опфатат и дел од постојниот Градски парк во Скопје. На просторот е зацртано да се постават 26 реквизити за возење и забава, меѓу кои се и 2 адреналински, 6 семејни и 18 детски реквизити.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk