Претходна статија
Нова велосипедска патека изградена на булеварот „8 Септември“
Следна статија
Заврши изградбата на два нови објекти во затворот „Идризово“

На почетокот на 2019 тендер за соларна електрана во РЕК „Осломеј“

Објавено на 29.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Покрај производство на електрична енергија од јаглен, РЕК „Осломеј“ во иднина ќе произведува струја и од сонцето. На почетокот од 2019 година ќе биде објавен тендерот за избор на компанија што ќе ја гради идната соларна електрана со моќност од 10 мегавати, во рамките на постојниот комбинат кај кичевското село Осломеј. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска го објави известувањето за претстојниот тендер, кој ќе значи инвестирање на 10 милиони евра во енергетски капацитет што ќе го ползува сонцето за производство на електрична енергија.

 

 

Соларната електрана ќе претставува прв поголем капацитет од ваков вид во земјава и ќе овозможи продолжување на работниот век на РЕК „Осломеј“, но и задржување на стручните лица на работа во овој комбинат. Идниот енергетски капацитет ќе се гради на местото на некогашниот рудник за јаглен. Овој проект е дел од стратегијата на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за зголемено производство на струја од обновливи извори на енергија.

 

Македонската влада ја најави претстојната инвестиција уште на почетокот од годинава. Главната цел на извршната власт е во претстојниот период да се инвестира во изградба на соларни електрани со моќност од 200 мегавати. Покрај од позајмицата што е предвидено да се земе од ЕБОР, во новата соларна електрана во РЕК „Осломеј“ ќе се инвестираат и сопствени средства на државната компанија ЕЛЕМ.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk