Претходна статија
Проект за реконструкција на кумановските улици вреден 750.000 евра
Следна статија
Наесен почнува реставрацијата на штипската тврдина Исар

МЖ реновира 80 товарни вагони од својот возен парк

Објавено на 16.03.2017 во категорија Вести.

 

Македонски железници-Транспорт пролетва ќе реализира поправка на 80 товарни вагони од серијата Ri S. Со фабриката за шински возила „Колска“ од Велес е склучен договор за ревизија на дел од возниот парк наменет за превоз на стока, за што од буџетот на ова претпријатие се наменети 34 милиони денари. Реновирањето на овие товарни вагони треба да се комплетира во текот на април годинава. Со поправката на вагоните се очекува да се зголеми капацитетот на Македонски железници-Транспорт за одржување на товарниот сообраќај во земјава.

 

 

Државното железничко претпријатие пред две години со кредит од Европската банка за обнова и развој купи 150 нови товарни вагони, со што се зголеми можноста за континуирано опслужување на домашните компании. Наспроти зголемувањето на возниот парк, статистичките податоци покажуваат намалување на користењето на возовите за транспорт на стока низ земјава. Државниот завод за статистика пресмета дека лани со товарни возови биле транспортирани 1.356.000 тони стока.