Претходна статија
Во општина Илинден започна изградба на модуларно училиште
Следна статија
Старите куќи во Вевчани ќе се обновуваат

Мостот Гоце Делчев во ново светло

Објавено на 23.10.2011 во категорија Вести.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, во друштво на премиерот Никола Груевски, вечерва ја претстави новата ограда и новото осветлување на мостот Гоце Делчев. Ограда на мостот е изработена од жолто-златни цефкасти профили и е составена од 148 модули со должина од 3,6 метри и височина од 1,2 метри, поврзани со столпчиња со декоративна алуминиумска обвивка, високи по 1,35 метри. Вкупната должина на целата конструкција изнесува 600 метри (4 x 150 метри), додека тежината изнесува 27 тони, што според надлежните е во рамки на дозволеното оптоварување.

 

На надворешните огради на мостот се монтирани 26 канделабри од кои 20 се со по една светилка во форама на топка, а на шест има по пет светилки во облик на фенер. На внатрешната страна на мостот поставени се десет 10-метарски столбови за улично осветлување. Трупот на мостот е осветлен со нови 152 неонки во жолта боја заштитени, со маска и розетна. На двете страни од мостот поставени се и 76 рефлектори кои ги осветлуваат столбовите на оградата.

 

Реконструкцијата започна на 11 април годинава. Замената на оградата ја изведе фирмата „Бауер БГ“ и го чинеше градот околу половина милион евра, а осветлувањето го постави „Еклектра комерц“ за цена од околу 60 илјади евра. Првично беше најавено дека целиот зафат ќе чини 370 илјади евра. Идејното решение е на авторите Михајло Дранговски и Јован Радевски, проектот го изработи „Мегаплан“, а надзорот на градежните работи го вршеше „Градежен институт Македонија,“.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

###

###