Претходна статија
BH Architects победници на архитектонскиот Конкурс за новиот универзитески кампус во Скопје
Следна статија
Во Јурумлери ќе се гради фекална канализација

Монтирање на Летна Читална – еднодневна работилница во Прилеп

Објавено на 06.11.2017 во категорија Вести.

 

Монтирање на Летна Читална е еднодневна работилница првично наменета за студенти по архитектура и дизајн каде ќе можат да се стекнат со вештини за мануелна работа со дрво. Урбаната интервенција од дрво има за цел да ги вклучи и останатите локални жители во средување на дворот на центарот за култура во Прилеп. Оваа интервенција има за цел да донесе нова и млада енергија, да ги предизвика младите луѓе од Прилеп да бидат вклучени во оплеменување на јавниот простор. Исто така има за цел да ги пренесе активностите од внатрешноста на објектот (читање книги, претстави, работилници) кон отворениот простор. Таа може да служи како сценографија за театарски претстави. Со својот игрив и динамичен дизајн е привлечна за најмалите деца со што тие ќе создадат цврста врска со центарот за култура како важна институција во градот уште од најмали нозе.

 

Учеството во работилницата е бесплатно.
Сите учесници ќе добијат сертификат и фотографии од изведен проект кои понатака можат да ги искористат за збогатување на своето портфолио.

 

Сите заинтересирани лица кои сакаат да учествуваат треба да ја пополнат формата:
https://meleemskopje.com/1241-2/

 

Доколку имате било какви прашање поставете ги на urbanmodular.m@gmail.com

 

Архитект на проектот е Сара Симоска. Проектот е организиран од МЕЛЕЕМ, и е финансиран од Министерството за Култура на Република Македонија.