Претходна статија
Изложба и промоција на книгата „Херои за еден ден“
Следна статија
Општина Кисела Вода доби нов Дом на културата

Монтажен паркинг ќе се гради кај трговскиот центар „Буњаковец“

Објавено на 28.06.2016 во категорија Вести.

Наместо кабеста конструкција од 29 метри и гаража на осум ката како што беше зацртано од претходното раководство на Општина Центар, на местото на постоечкиот паркинг позади трговскиот центар „Буњаковец“ ќе се гради монтажен паркинг со приземје и кат. Со проектот двојно ќе се зголеми бројот на паркинг места на една од најфреквентните локации во Скопје. Од постоечките 48 места ќе се добие монтажен паркинг со 104 места за паркирање на возила. Вкупната површина на гаражата ќе изнесува 1.850 метри, а финансиските средства за проектот во целост ги обезбеди Општина Центар.

 

 

„Со ова се надминува стравот на жителите околу трговскиот центар „Буњаковец“ дека со осум-спратна гаража нема да има нормално струење на воздухот“, велат од Општина Центар. Со реализацијата на проектот треба да се намали постоечкиот недостиг на места за паркирање во овој дел од Скопје. Самата монтажна гаража ќе се гради од еколошки материјал. Станува збор за челична поцинкувана конструкција, составена од модули.