Претходна статија
Од денеска нов возен ред на Македонски железници за 2019 година
Следна статија
Александар Наумчески со „Имагинарен град“ ќе говори на Архитектонскиот факултет

Молк околу давањето под закуп на земјиштето во скопската железарница

Објавено на 10.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Три дена по одржувањето на електронското јавно наддавање, од општина Гази Баба нема абер за информации во врска со огласот за давање под закуп на градежно земјиште во скопската железарница. Општинските власти на својата веб – страница немаат објавено информации за тоа дали е избран инвеститорот што ќе гради нова тешка и загадувачка индустрија во кругот на железарницата. Денеска од оваа општина не одговорија ниту на поставените прашања од „Билд“ за тоа која компанија ја закупи парцелата од 66.996 метри квадратни во наредните 99 години. Воедно, од општина Гази Баба не одговараат ниту на прашањето дали би му издале одобрение на градење на инвеститорот доколку тој побара на оваа локација да гради објект од тешката и загадувачка индустрија.

 

 

Општина Гази Баба на почетокот од ноември годинава го објави огласот за давање под долготраен закуп на државно градежно земјиште што е лоцирано во кругот на скопската железарница. На оваа парцела може да се подигне објект со максимална развиена површина од 70.346 метри квадратни, при што 51% од неговата површина е предвиден за тешка и загадувачка индустрија, додека останатите 49% од идниот капацитет имаат компатибилни класи на намена Д1, Д2, Б4, В2, Г2, Г3 и Г4. Веднаш по огласот, од граѓанската „02 Иницијатива“ побараа од градоначалникот Борис Георгиевски веднаш да се прекине постапката за давање под закуп на земјиштето, а идентична мерка побараа и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk