Претходна статија
Споменикот на Ќосето ќе ја напушти Судската палата во Скопје
Следна статија
17. Денови на Орис ќе се одржат на 14 и 15 октомври во Загреб

Македонски железници ќе инсталира интегриран систем за управување со енергијата

Објавено на 04.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Контрола на потрошувачката на енергија за помали трошоци на двете железнички претпријатија Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура. До крајот на годинава ќе треба да започне постапката за распишување меѓународен тендер за избор на компанија што ќе инсталира интегриран информативен систем за управување со енергијата, информираат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Проектот се реализира со кредит подигнат од ЕБОР во вредност од 59 милиони евра. Главната предност на идниот систем е собирање на информации за потрошувачката на енергија од двете железнички претпријатија, кои се едни од најголемите корисници на енергија во земјава.

 

*Со новиот систем ќе се знае и ќе се контролира потрошувачката на енергија од Македонски железници

 

Со тендерската постапка ќе се набават опрема и услуги неопходни за инсталирање на интегрираниот систем, меѓу кои се и сервери и работни станици, системи за обработка на податоци, мерни единици за електрична енергија, дизелски мерачи за проток, струјни мерни трансформатори, трансформатори за мерење на напон, ЏПС антени и дополнителна опрема, кабли и друга неопходна опрема. Со идниот систем ќе се знае потрошувачката на енергија од страна на двете железнички претпријатија.

 

Покрај реализацијата на овој тендер, Македонски железници во наредниот период треба да ја комплетира и набавката на четирите електрични локомотиви преку кредитот од ЕБРД. Договорот со кинеската компанија ЦРРЦ Џуџоу беше потпишан на почетокот од јануари годинава, а обврската на кинескиот партнер е да ги испорача новите локомотиви до крајот на 2017 година.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk