Претходна статија
Ќе се реконструираат улиците „Ацо Шопов“ и „Лондонска“ во општина Карпош
Следна статија
„Карпош АД“ со минорна добивка ја стартуваше 2018 година

Македонски апсурди – рекорден раст на такси превозот во 2017 година

Објавено на 13.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Наместо да се стимулира јавниот автобуски и железнички превоз, Македонија е една од ретките европски земји во кои се забележува континуиран раст на такси превозот. Во 2017 година се забележани рекордни 31.182.000 превезени патници, од кои 28.278.000 патници во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 2.904.000 патници. Такси превозот лани се одржувал со 2.496 патнички автомобили. За само една година, бројката на вклучени возила во такси превозот пораснала за над 300 автомобили, додека бројката на превезени лица е зголемена за фрапантни 3,5 милиони патници во споредба со 2016 година.

 

 

Растечките тенденции во такси превозот не треба да зачудуваат ако се земе во предвид фактот дека железницата со години наназад бележи намалување на бројот на превезени патници. Македонија е единствената европска земја во која што во меѓуградскиот сообраќај со железница се превезени за речиси шест пати помалку патници во споредба со такси превозот. Колку за споредба, Македонски железници во 2017 година превезло 500.000 патници. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека таксито е второто најкористено средство за транспорт во меѓуградскиот сообраќај по автобускиот превоз.

 

Статистичарите пресметале дека со такси возилата лани биле остварени 85.776.000 километри , од кои 72.401.000 километри во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот сообраќај се остварени 10.375.000 километри. Овие бројки доаѓаат во моменти на рекордно загадување на воздухот во македонските градови, при што користењето на автомобилите се смета за еден од главните причинители на високото присуство на штетни честички во воздухот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk