Претходна статија
Заврши реконструкцијата на улицата „Капиштец“
Следна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Трите станбени кули во Тафталиџе на романскиот архитект Фокша Паул

Македонија лани инвестирала 113,2 милиони евра во заштита на животната средина

Објавено на 08.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Над 6,9 милијарди денари биле инвестирани лани во заштитата на животната средина во Македонија. Најголем удел од вложувањата е забележан кај постапувањето со отпадот, каде што биле насочени над 5,7 милијарди денари. Веднаш по него, следува вложувањето во управување со отпадните води, каде што се насочиле 618.735.000 денари. Огромната сума од 113,2 милиони евра инвестирана во текот на една година и не е толку голема, доколку се земе во предвид фактот дека станува збор првенствено за изградба на пречистителни станици за отпадни води финансирани од Европската Унија, како и во депониите и преработувачките капацитети за отпад, во кои заеднички вложуваат приватни инвеститори и ЕУ.

 

 

Наспроти ваквите оптимистички бројки, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 112 милиони денари биле инвестирани во 2017 година во заштитата на воздухот во Македонија. Бројките се поразителни и за одвоените финансии за заштита на биодиверзитетот и природата, каде се инвестирале 118 милиони денари, но и на почвата, површинските и подземните води – во кои се вложиле 11,2 милиони денари.

 

И покрај огромниот дисбаланс во инвестициите кај различни сегменти, ваквите статистички податоци за 2017 година се неколкукратно поголеми во споредба со инвестирањето во заштитата на животната средина што било направено една година претходно. 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk