Претходна статија
Се гради атмосферска канализација на улицата Индира Ганди
Следна статија
Продолжува реконструкцијата на улиците во центарот на Куманово

Легализацијата на дивоградбите заглави на половина

Објавено на 11.06.2017 во категорија Вести.

 

Проектот за легализација на бесправно изградените објекти во земјава е завршен до половина. Од 360.000 поднесени барања на граѓаните од пред шест години, општините во изминатиов период успеале да решат 180.000 случаи. Досегашниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески информираше дека над 180.000 објекти веќе се впишани во Катастарот на недвижности. Тој воедно напомена дека новата влада ќе мора да одлучи што ќе се прави со 15.000 барања за легализација, за кои не беа изготвени геодетски елаборати во законски пропишаниот рок од 31 декември 2016 година.

 

 

„Ова прашање секако мора да се реши за граѓаните и компаниите да може да го искористат своето право за легализација“ вели Трпески. За останатите барања на граѓаните веќе се изработени геодетски елаборати, но македонските општини во претстојниот период ќе треба постепено да ги донесуваат решенијата за легализација. Од Катастарот информираат дека со дополнителниот рок за поднесување на барања за легализација на дивоградбите се доставени уште 80.000 барања на граѓаните.