Претходна статија
Дивоградбите повторно добиваат шанса за легализација од државата
Следна статија
Градежните фирми очекуваат повеќе работа во наредниот период

Конечно поставен камен темелник за затворениот базен во Охрид

Објавено на 12.11.2015 во категорија Вести.

Едно базенско корито со димензии од 33 х 25 метри и со стандардна длабочина од 2 метри, како и едно помало корито со димензии од 12,5 х 6,25 метри ќе го сочинуваат новиот затворен базен во Охрид. Капацитетот на трибината ќе биде 500 гледачи, а во објектот со проектирана површина од 15.000 метри квадратни ќе бидат сместени и фитнес клуб, спа и велнес центар, продавница за спортска опрема, ресторан, игротека и комерцијален простор. Инвестицијата е во висина од околу пет милиони евра.

 

Димензиите на поголемиот базен (33 х 25 метри) се адекватни за ватерполо натпревари и за т.н. „short course“ пливачки трки, но на новиот базен во Охрид нема да може да се одржуваат трки во пливање какви што се застапени на поголемите натпреварувања, затоа што за нив е потребна должина на базенот од 50 метри. Помалиот базен (со димензии од 12,5 х 6,25 метри) е наменет за деца и за обука на непливачи. Инвеститор на спортскиот објект е Агенцијата за млади и спорт, а првата лопата на денешната свеченост ја фрли премиерот Никола Груевски. Изведувач на градежните работи е скопската фирма „Бауер БГ“, која беше избрана на вториот тендер, во конкуренција на уште една понуда. „Бауер БГ“ според договорот треба да го заврши проектот до април 2018 година.