contact@virtuselias.mk
Web: www.virtuselias.mk

" />
Виртус Елиас

„Виртус Елиас“ е приватна компанија специјализирана за управување и одржување на објекти. Лојалноста кон корисниците придонесе да постанеме верни партнери со десетици репрезентативни објекти лоцирани на територијата на главниот град. Сите тие не одбраа поради домаќинството водење на заеднички делови на зградите и нашето досегашно искуство во градежништвото.

 

Во „Виртус Елиас“ ги разбираме и следиме новите потреби на клиентите. Нашето секојдневно функционирање подразбира континуиран развој на услугите, во насока на остварување на сите потреби и очекувања на клиентите. Визијата за нашата иднина е секогаш цврсто поврзана со задоволување на очекувањата на станарите од сите објекти со кои имаме склучено договори. Мотото што претставува основна водилка во нашето работење е: „Секој станар во својот дом да влегува уште од влезот на зградата“.

 

 

 

 

– Обезбедуваме детална проверка на постоечката состојба во која се наоѓа зградата. На тој начин секој сопственик на стан во зданието добива точни информации за состојбата во која се наоѓа целокупниот дел во објектот кој е во заедничка сопственост на станарите;

 

– По утврдувањето на фактичката состојба во која се наоѓа зградата, нашата компанија изработува план за одржување на заедничкиот дел од објектот и посебен план за динамиката на остварувањето на задачите и потребите на зданието;

 

– Се грижиме за редовното одржување на зградата од секој можен аспект. Во континуитет се справуваме со хигиената во влезовите, сервисирањето и одржувањето на водоводната, канализационата и топлификационата заедничка инсталација во зградите, замената на сијалици и обезбедување резервни делови и одржување за лифтовите, изведуваме различни видови на приклучоци и молерски работи во заедничкиот дел на објектите;

 

– Посветени сме на редовното плаќање на сметките за заедничка потрошувачка на електрична енергија кон ЕВН. Сите трошоци за заедничкиот дел од зградата навремено ги подмируваме;

 

– Вршиме ефикасно застапување на корисниците на нашите услуги пред управните органи во сегментот на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки поврзани со станбената зграда и земјиштето на кое истата е лоцирана;

 

– Стапуваме на помош при појава на проблеми при ангажирањето на обезбедување во заедничкиот дел на објектот, како и при вршење на градежни работи во рамките на истиот. Ги менаџираме сите непожелни ситуации во односот со нив, а овластени сме и за поднесување тужби при настаната штета од нивното работење;

 

– Воспоставуваме проактивен пристап во управувањето на објектите. За сите задачи и обврски што сме ги презеле изготвување извештаи за сработеното до корисниците на нашите услуги. Гарантираме максимална транспарентност во нашето работење;

 

– Приложуваме реални пресметки за трошоците кои произлегуваат од управувањето и одржувањето на зградата за секој станар. Нудиме најповолни цени за сите горенаведени услуги, а не наплаќаме непотребни трошоци кои го оптоваруваат буџетот на сопствениците на домовите.

 

 

 

 

 

 

Адреса: ул. 516/4, 1000 Скопје
Тел: 02 / 3122 475
e-mail: contact@virtuselias.mk
Web: www.virtuselias.mk