РКИ Македонија

РКИ Македонија е официјален претставник на финската компанија Ruukki , која е една од водечките компании на Европскиот пазар за производство на градежни производи од метал.  Ruukki производите се изработуваат во широка палета на RAL и RR бои и со Европски сертификати и гаранции за квалитет и перформанси.

 

 

Ruukki произведува:

– Термоизолациони сендвич панели од највисок квалитет
– Метални Вентилирани Фасади
– Метални Кровни керамиди
– Високо Профилирани носечки лимови
– Ниско Профилни кровни и фасадни лимови

 

Сендвич панелите на Ruukki се едни од најквалитетните панели во Европа и се одликуваат со највисоки технички карактеристики за термоизлоација, издржливост, огноотпорност и изглед. Нашите панели се употребуваат во многу индустриски и комерцијални објекти ширум Европа. Ruukki  произведува PIR и MW панели. Квалитетот на Ruukki  Панелите е од највисока класа. Објектите обложени со Ruukki панелите се одликуваат со висока Енергетска Ефикасност. Нудиме панели со различни дебелини на изолација од 30mm до 230mm во широка палета бои. За сите панели на Ruukki издаваме CE и сертификати за перформанси, како и фабрички гаранции.

 

 

Металните вентилирани фасади ги нудиме во неколку варијанти а тоа се: Liberta, Lamella и Design Фасади. Овие фасади се изработуваат од различни материјали, димензии и квалитет. Можеме да се пофалиме дека сме единствени во Европа што го нудиме специјалниот материјал Corten за производство на Метални Фасади. Фасадите Ruukki се изработени од 1.2mm поцинкуван целик, претходно офарбан по желба на клиентот, произведени по нарачка и скроени спрема проектот на клиентите. Металните фасади можат да бидат и обложени со стаклена површина ( Liberta Glass Facade ), а и со фотоволтаични модули ( Liberta Solar Facade )

На објект се испорачуваат спремни за монтирање, и се монтираат како лего коцки со шрафење. Фасадите на Руукки се употребуваат во повеке реномирани компании низ Европа за обликување на надворечниот изглед на нивните комерцијални, индустриски и деловни објекти. Ruukki Фасадите се одликуваат со Fire Proof Rating A1 – s1, d0, ( огноотпорни се ).

За подобра визуелизација на изгледот на Вентилираните фасади посетете ја апликацијата на Ruukki специјално создадена за клиентите за оваа намена:

http://apps.ruukki.com/solutions/designpalette/

 

 

 

Ruukki произведува фасадни и носечки-структурни лимови со различни дебелини и форми.  Структурно носечките  лимови  се направени од висококвалитетни суровини и се користат за изградба на кровови на комерцијални и индустриски објекти, кои имаат потреба од монтирање на тешки климатизери, генератори и други апарати на самите кровови. Тие се монтираат брзо и лесно и овозможуваат структурна поддршка на кровните конструкции, слобода на избор на тип на изолација и во исто време овозможуваат заштеда на материјал во основната метална конструкција. Носечките лимови можат да бидат и со овална форма која се користи за покривање на стадиони и спортски сали.

 

 

 

За сите информации повелете посетете ја нашата вебстрана или контактирајте не директно, ќе ви излеземе во пресрет за сите можни прашања.

 

РКИ Македонија
ТЦ Алуминка
бул. Партизански одреди бр. 70Б
локал 9п
1000 Скопје
Република Македонија
++ 389 70 284 595
info@rki-mk.com
www.rkimk.com