info@knauf.com.mk
Web: www.knauf.com.mk

" />
Кнауф

Присутни сме во градежништвото повеќе од 70 години. Со своите системи нудиме модерни, квалитетни решенија за уредување на вашите градби. Со фантастичниот материјал, гипс, создаваме удобност во просториите за живеење и работа.

 

Кнауф е основан во 1932 година од страна на браќата Др. Алфонс Н. и Карл Кнауф. Двајцата беа штотуку завршени рударски инжењери, претприемачки настроени и подготвени на ризици. Денес г. Ингенилем и г. Грундке, во координација со другите членови на семејството, партнерски раководат со многубројните претпријатија на групацијата. Кнауф е класично семејно претпријатие и покрај својата големина. Тоа е клучниот фактор за неговит успех. Затоа што брзиот и директен начин на одлучување, храброста за визии, иновации и инвестиции како и богатството од идеи на сите вработени во Кнауф е тоа што го карактеризира нашето претпријатие.

 

Од првата гипсара на Сар и Мајна, Кнауф се прошири и се разграни во светска корпорација со повеќе од 150 фабрики, во повеќе од 50 земји, активна во следниве области:

 

– гипс и гипсени градежни материјали / градежни системи
– изолациони материјали
– вар и варов камен
– градежна хемија

 

Во нашите фабрики и канцеларии работат околу 23.000 вработени од целата планета

 

 

Кнауф во Македонија е основан во јуни 1994 година како комерцијално – техничка канцеларија надлежна за Македонскиот Пазар. Во 1997 год. Кнауф откупува акции во фабриката Радика во Дебар и започнува со изградба нова модерна фабрика. Се изгради комплетно нова инфраструктурна мрежа, нови производни и магацински објекти, управна зграда. Инсталирана е нова, целосно автоматизирана технолошка опрема, со што се обезбедува висок и постојан квалитет. Досегашните инвестициии знесуваат околу 27 милиони Евра. Денес Кнауф – Радика е моќна фабрика со 190 вработени и годишни капацитети од 13 мил. м² гипскартонски плочи и 200.000 тони гипсени прашкасти производи и малтери. Производството е извозно ориентирано, 85% е наменето за околниот пазар: Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Косово и 15% за Македонија.

 

 

Канцеларија за продажба и маркетинг

 

Адреса: бул. Александар Македонски б.б. 1000 Скопје
Тел:
– централа   02 / 3235 750
– градежен сервис   02 / 3235 752
Факс: 02 / 3235 760
e-mail: info@knauf.com.mk
Web: www.knauf.com.mk

 

 

Фабрика

 

Адреса: ул. 8 Септември б.б. 1250 Дебар
Тел: 046 / 839 200
Факс: 046/ 831 650