info@goldenart.mk
Web: www.goldenart.mk

" />
Голден Арт

Градителството претставува занает што се пренесува на идните поколенија. Следејќи ја долгогодишната фамилијарна традиција на успешно функционирање во градежниот сектор, компанијата „Голден Арт“ е основана во 2005 година, поставувајќи си ја пред себе целта за покривање на сите видови работа во градежништвото, од изработка на проектна документација до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба. Од почетокот на своето постоење до денес, искусниот градежен кадар на „Голден Арт“ изгради преку 40 референтни објекти во Македонија и во Црна Гора.

 

 

 

Меѓународни стандарди за квалитет:

 

Уште од првите денови на нашето функцирање се обидовме да создадеме политика на квалитет за секој клиент, потпирајќи се на правилото да бидеме најдобри во она што претставува наша дејност. Покрај стриктното почитување на домашните закони, прописи и стандарди наменети за градежниот сектор, си поставивме задача да ги спроведеме во целост и меѓународните стандарди за квалитет EN ISO 9001:2008 , EN ISO 14001:2004 и OHSAS 18001:2007. Цврсто сме убедени дека со ваквата поткрепа од строгите стандарди можеме да му гарантираме на секој клиент висок квалитет во работењето, а исто така и висок квалитет на живеење во нашите објекти.

 

 

Адреса: ул. Методија Шаторов Шарло 7 (Руди Чајавец), 1000 Skopje
Тел: 02 / 3213 611
e-mail: info@goldenart.mk
Web: www.goldenart.mk