Претходна статија
СДСМ ќе проверува како одделни објекти станувале дел од „Скопје 2014“
Следна статија
Шпанците се жалат на проблеми при изградбата на патот Градско - Прилеп

Комората на овластени архитекти и инженери бара измени во Законот за градење

Објавено на 07.07.2017 во категорија Вести.

 

Законот за градење треба да претрпи промени во однос на неколку одредби, смета Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија. Нејзиниот претседател Миле Димитровски вчера го запозна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со овие предлози. Од комората заклучиле дека се потребни измени и дополнувања на законот во функција на негово подобрување, со особен нагласок во делот на категоризацијата на градбите. Тие посочуваат дека се потребни измени и дополнувања во делот на издавање овластувања и на нивното продолжување.

 

* Извор на фотографија: Комора на овластени архитекти и инженери на Р.М.

 

Комората на овластени архитекти и инженери побара донесување на правилник за нормативи за урбанистички и градежни активности. Оттаму бараат и доекипирање на Министерството за транспорт и врски, со што ќе се интензивира соработката со ова министерство во делот на урбанизам, градежништво и архитектура. Министерот Горан Сугарески истакна дека дава поддршка за сите активности кои се во насока на подобрување на законските решенија, особено за Законот за градење и за Законот за просторно и урбанистичко планирање.