Претходна статија
Реконструиран Домот на културата во Македонска Каменица
Следна статија
Ќе се подготви основен проект за Конгресниот центар во Охрид

Ќе се заштитува архитектурата на црквата во манастирот Трескавец

Објавено на 03.05.2017 во категорија Вести.

 

Откако минатата година не пронајде изведувач, Заводот и музеј-Прилеп денеска повторно објави оглас за пронаоѓање на компанија што ќе ги преземе мерките за заштита на архитектурата на црквата, трпезаријата и магерницата од манастирот Успение на Пресвета Богородица во Трескавец, Прилепско. Реализацијата на овој проект се одолговлекува неколку години наназад, а државните власти од пред извесен период го прогласија манастирот Трескавец за културно наследство во опасност. За заштита на архитектурата на непроценливиот комплекс ќе бидат издвоени околу 2,4 милиони денари од државниот буџет.

 

 

За претстојните активности веќе е изготвен соодветен елаборат од Заводот и музеј-Прилеп. Црквата, магерницата и трпезаријата од манастирот во Трескавец се најскапоцениот дел од целокупниот комплекс и истите датираат од XIII век. Паралелно со нивната заштита, во моментов се работи на обновата на опожарените конаци во манастирот Трескавец. Ако се суди според минатогодишните ветувања на Министерството за култура, реконструкцијата на манастирскиот комплекс би била комплетирана во 2018 година.