Претходна статија
Гевгелија се мобилизира пред референдумот против изградба на рудник за злато
Следна статија
Објектот на Албански театар ќе биде реконструиран до крајот на 2017 година

Ќе се удавиме во неселектирано и нерециклирано ѓубре!

Објавено на 20.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонија е во античко време, но не само во архитектурата, туку и во третирањето на отпадот. Исклучителни негативни податоци покажуваат дека во земјава владее ниско ниво на свест за селекција на отпадот од компаниите и граѓаните. Она што што ќе се собере како отпад, наместо во фабрики за негова преработка, завршува на депонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во нашата земја лани биле собрани 610.227 тони отпад, од кои дури 99,4% биле отстранети на депонија. Во 2016 година сме создале 796.585 тони отпад, или 376 килограми по глава на жител годишно.

 

 

Во дваесет и првиот век, дури 22% од населението на нашата земја не користи комунални услуги за собирање отпад. Дури и во оние општини каде што се собира, комуналниот отпад како измешан завршува на депониите. Вкупно 543.644 тони комунален отпад, односно енормни 89% од сето она што го фрламе како отпадок, во депониите завршува неселектиран од страна на граѓаните. Ова значи дека само 70.000 тони од нашето ѓубре го распределуваме пред да заврши во контејнер, што е помалку од 10% од регистрираниот отпад.

 

Статистичарите пресметале дека ланската година е рекордна во однос на вкупното количество на создаден комунален отпад. Само во споредба со 2010 година, количеството на отпад од граѓаните и компаниите лани било зголемено за 75.000 тони. Апсолутни лидери во создавањето комунален отпад се граѓаните од Скопскиот и од Полошкиот регион.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk