Претходна статија
Втора фаза од реконструкцијата на улицата Сарај
Следна статија
Ќе се гради ли нешто кај бараката на Заводот за урбанизам и архитектура?

Ќе се реконструираат две улици во населбата Лисиче

Објавено на 23.07.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје и Општина Аеродром со заеднички средства ќе ги реконструираат улиците „Тодор Чангов 20“ и „Ѓорѓи Капчев 9“ во населбата Лисиче. Двете улици се со должина од 1.250 метри и со ширина од шест метри. Со градежниот зафат е предвидено да се санираат и тротоарите на овие две улици и да се постави ново улично осветлување. Градот и Општината ќе ги поделат трошоците подеднакво.

 

 

За реконструкцијата на овие две улици е објавен тендер, кој треба да заврши во текот на август, а општинските власти очекуваат работите да се завршат до октомври. Во изминатиов период веќе беа санирани улиците „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓи Капчев“ во населбата Горно Лисиче.